Динамо Загреб против Локомотива ќе го отвори вториот дел од првенството на Хрватска, а на „Максимир“ тема беше враќањето на Иван Перишиќ на „Пољуд“. Новинарско прашање доби македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
Сепак, искусниот играч за врска не беше премногу воодушевен кога го слушна прашањето, а одговор даде само во две реченици и не сакаше дополнително да коментира.
„Тоа е нивна работа и не би сакал премногу да коментирам. Знаеме каков играч е Перишиќ и сигурно ќе биде засилување“, изјави Адеми.
Сепак, на дебито на Перишиќ во дресот на Хајдук ќе треба да се почека уште малку бидејќи хрватскиот репрезентативец сѐ уште се опоравува од тешката повреда на коленото, а на терените не би требало да се врати до почетокот на април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













