
Првенството во Првата лига продолжува во турбо-ритам, а Шкупи по три тешки гостувања конечно се враќа на домашен терен. Овојпат ќе игра „дома“ на комплексот на ФФМ со оглед дека стадионот во Чаир комплетно се реновира, а ќе го пречека тимот на Беласица.
Илирид Адеми, кој игра во одлична форма во последниот период, вели дека Беласица доаѓа како „порачана“ за Шкупи да се врати во победнички ритам.
„Имавме три тешки гостувања, а сега се враќаме на домашен терен и ја очекуваме Беласица. Тоа е одлична можност да се вратиме во победнички ритам. Нашата цел е да останеме блиску до врвот и ако ни се пружи шанса да бидеме токму највисоко на табелата“, вели Илирид Адеми.
Шкупи ремизираше на трите последни меча, додека Беласица има две победи и едно реми на трите последни натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
