Connect with us

Абрамович не го (про)дава Челси: Не сака да отпише долг од 1,6 милијарди фунти

Актуелниот сопственик, рускиот милијардер Роман Абрамович, според извори блиски до него, направил радикален пресврт и сега веќе не сака да отпише 1,6 милијарди фунти долг колку што има Челси како клуб кон него како физичко лице или инвеститор. Во почетните фази на руско-украинската криза, поради која беше принуден да продава, Роман Абрамович постојано нагласуваше дека ќе ги отпише тие пари, а британската влада му нареди да го стори тоа.


Неколку дена откако американската инвестициска банка „Рајне“, посредникот за преземање на клубот, објави дека првиот избран понудувач за имотот е американскиот претприемач Тод Боели, започнаа проблемите.

Премиерот Борис Џонсон експлицитно го забрани збогатувањето на Русите на територијата на таа земја и лично се залагаше тој да го надгледува процесот на продажба на Челси во кој Абрамович не може да заработи ниту денар. Но, се чини дека работите радикално се менуваат.

Британскиот весник „Тајмс“ објави дека сегашните членови на управниот одбор на Челси минатата недела ја информирале владата дека сакаат да го реструктуираат начинот на кој се одвива процесот на продажба на клубот. Конкретно, менаџментот бара префрлање на спорните 1,6 милијарди фунти од „Fordstam“, сопственост на Роман Абрамович, на сметката на „Camberley International Investments“, чија сопственичка структура е во голема мера непозната.

Британската влада му дозволи на Челси да работи под посебни услови до 31 мај оваа година, кога му истекува лиценцата за работа со Англиската фудбалска асоцијација. Доколку работите дотогаш не се решат, односно ако рускиот капитал не е далеку од клубот, неговиот опстанок би можел сериозно да биде доведен во прашање.

За сето ова се уште никој не проговорил од луѓе блиски до Абрамович, исто како и некој од врвот на британскиот политички врв, па останува да видиме кој ќе ја преземе сопственоста на клубот и како ќе функционира Челси во иднина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови