Италијанскиот калчолигаш Рома доби големо засилување во нападот. Тами Абрахам дојде кај Жозе Мурињо и ќе ја засили навалната линија на „волчицата“. Рома плати 40 милиони евра за овој трансфер, а интересно е дека европскиот првак Челси стави клаузула дека може да го откупи назад по две години за 80 милиони евра.
Абрахам во овој момент не можеше да се избори за место во лондонскиот тим, но јасно е дека се работи за одличен млад напаѓач кој треба да го наследи Един Џеко на „Олимпико“ во Рим.
Тами Абрахам потпиша петгодишен договор и го доби дресот со број „9“ во Рома.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski