Финалето на Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 1 јуни на „Вембли“, ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ, соопшти УЕФА.
Комплетниот судиски состав за финалето ќе биде од Словенија, па на 44-годишниот Винчиќ на теренот ќе му помагаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека во ВАР ќе бидат Нејц Кајтазовиќ и Раде Обреновиќ.
За Винчиќ ова ќе биде второ европско финале што ќе го суди, пред две години беше судија на финалето на Лига Европа во кое Ајнтрахт Франкфурт го победи Глазгов Ренџерс.
УЕФА ги избра судиите и за преостанатите две финалиња на европските купови.
Натпреварот од Лига Европа меѓу Баер Леверкузен и Аталанта на 22 мај во Даблин ќе го води Романецот Иштван Ковач, а финалето на Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина на 29 мај во Атина му e доверено на Португалецот Артуро Соареш Дијаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













