
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, уште еднаш остро негираше дека имал разговари за наследник на Ерик Тен Хаг на манеџарската позиција во Манчестер Јунајтед. Во последниве недели, некои медиуми на Островот тврдат дека тој е фаворит за функцијата.
Обложувалниците го сместуваат и на едно од првите две места меѓу потенцијалните кандидати, рангирајќи го многу блиску до Томас Тухел. Сепак, Саутгејт нагласува дека во моментов размислува само за Европското првенство каде ќе се обиде да ја освои титулата со Англија.
„Овие гласини немаат никакво значење. Немаше разговори. Има само една работа на која треба да се фокусирам, а тоа е да го имаме најуспешниот можен турнир со репрезентацијата на Англија на ЕВРО 2024. Секогаш има шпекулации околу менаџерите бидејќи ако изгубите неколку натпревари веќе сте во неволја. Ако победите неколку по ред, агендата станува сосема поинаква. За мене ЕВРО 2024 е брилијантна можност. Со нетрпение го очекуваме турнирот. Фокусирани сме да направиме чекор напред од последното Европско првенство (Англија загуби во финалето од Италија на пенали)“, изјави Герет Саутгејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
