Флоријан Вирц (21) е еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона. Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен има 18 гола и 19 асистенции на 46 настапи, а вреди околу 110 милиони евра.
Вирц со години е еден од најголемите германски таленти, а оваа сезона експлодираше под водство на Чаби Алонсо. Тимот е непоразен оваа сезона и ја освои Бундес-лигата, а му преостануваат уште финалиња во Лига Европа и во Купот на Германија.
Вирц и следната сезона ќе игра за Баер Леверкузен и покрај бројните понуди од најголемите европски клубови. Реал Мадрид и Манчестер Сити се први во редот, но Германецот ова лето сигурно нема да го напушти Леверкузен.
„Марка“ пишува дека тоа ќе се случи летото 2025 година и дека Реал веќе работи на таа зделка, исто како што работеше на трансферите на Џуд Белингам и на Килијан Мбапе.
Мбапе летово ќе дојде во Реал откако ќе му истече договорот со ПСЖ, а Вирц треба да пристигне во мадридскиот клуб една година подоцна.
Реал ќе мора скапо да го плати Вирц бидејќи неговиот договор со германскиот клуб е до 30 јуни 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal