
Баерн Минхен објави дека се разделува со Буона Сар и со Ерик-Максим Чупо-Мотинг. На двајцата Африканци им истекуваат договорите и нема да бидат обновени.
„Би сакале да им се заблагодариме на Буона Сар и на Ерик-Максим Чупо-Мотинг за успешните четири години заедно. И двајцата придонесоа Баерн да стане шампион трипати во тој период и да го освои Светското клупско првенство и германскиот Суперкуп. Баерн им посакува на двајцата сѐ најдобро во иднина“, изјави спортскиот директор Макс Еберл.
Чупо-Мотинг му се приклучи на Баерн во летото 2020 година на слободен трансфер од ПСЖ. 35-годишниот Камерунец одигра 122 натпревари во сите натпреварувања за Баварците, постигнувајќи 38 гола и 13 асистенции.
Буона Сар во исто време беше доведен од Олимпик Марсеј за 8 милиони евра. Во ниту еден момент 32-годишниот Сенегалец не успеа да се наметне во тимот. Во овој период десниот бек одигра вкупно 33 натпревари, а постигна еден гол и четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
