
Дефанзивецот Тијаго Силва ќе се врати во родниот Бразил. 39-годишниот фудбалер ќе му се приклучи на освојувачот на Копа Либертадорес, Флуминенсе, како слободен играч.
Двете страни постигнаа вербален договор, а во наредните недели се очекува соработката да биде официјално потпишана. Силва ќе го напушти Челси на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот.
Искусниот одбранбен играч се очекува да потпише со Флуминенсе на две години.
Тијаго Силва беше дел од Челси во изминатите четири сезони, а претходно настапуваше за ПСЖ, Милан, Порто и за Динамо Москва. Тој е младински играч на Флуминенсе, а во својата татковина беше дел и од Хувентуде и РС Фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
