
Шкупи доживеа поразот (2-0) на гостувањето во Гостивар во 30.коло од Првата фудбалска лига.
При водство од 1-0 за Гостивар, Шкупи во 86.минута постигна гол за 1-1, но не беше признат поради офсајд-позиција.
По ова, Шкупи излезе со соопштение.
„Како може да се направат толку многу грешки против еден тим? Секоја недела доживуваме различни грешки од судиите. Секоја недела некој ни ги краде бодовите. Ова не е случајно. Тоа се планирани и програмирани акции насочени кон саботирање на нашиот успех. Инаку, како може да се направат толку многу грешки против еден тим? Секоја недела се соочуваме со различни и валкани трикови и се обидуваме сами да се бориме. За жал, видовме дека Шкупи е осамен тим и ова им дава можности на сите.
Дали тимот може да губи поени на секој натпревар поради судиски грешки или надворешни фактори? За жал тоа се случува на нашите натпревари. Ниту политичарите кои тврдат дека се за Шкупи, ниту оние кои раководат со фудбалот не покажуваат никаква реакција на оваа ситуација, на овие отворени, свесни и намерни напади и валкани постапки, додека ние чекориме сами по овој пат.
Овој театар, оваа валкана игра е толку здодевна. И да сме сами, оваа борба ќе ја водиме до крај, не е важно против кого е. Ќе се бориме за работата на нашите фудбалери, за нашата работа, за фудбалот, за Шкупи. Сега се е јасно, јасно е што сите сакаат да прават. СЕГА ЗНАЕМЕ СЕ, СВЕСНИ СМЕ ЗА СЕ И СЕ ИМАМЕ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО НАШИОТ ТЕФТЕР“, стои во соопштението на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
