Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите. Тие ќе имаат меѓусебна пресметка за пласман во големото финале на „Вембли“ во Лондон.
„Светците“ на „Монжуик“ благодарејќи на Осман Дембеле и на Килијан Мбапе и се одмаздија на Барселона за поразот на првиот меч (2-3) во Париз, но и за болната елиминација на „Камп Ноу“ пред неколку години. ПСЖ славеше со 1-4 вечерва, а Барселона еден час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Роналд Араухо, кој во 29.минута го фаулираше Баркола како последен човек во одбраната. Потоа „поцрвене“ и тренерот Чави и Барса не можеше да одговори на предизвикот.
Рафиња во 12.минута ја доведе Барселона во водство, но потоа следеше исклучувањето за Араухо. Осман Дембеле успеа да израмни во 40.минута, а во второто полувреме ПСЖ постигна уште три гола.
Витиња со удар од 20 метри во 54.минута направи пресврт за 1-2 и ја анулира негативата од првиот меч, а Дембеле изнуди пенал од Кансело во 61.минута. Успешен реализатор беше Килијан Мбапе, кој потоа постигна и четврти гол во 89.минута.
Борусија Дортмунд го елиминира Атлетико Мадрид откако дома го совлада со 4-2 и ја анулира негативата од 2-1 од првиот меч во Шпанија.
Џулијан Брант во 34.минута донесе водство за „милиоерите“, а Матсен пет минути подоцна зголеми на 2-0. Сепак, Атлетико Мадрид се врати со два гола во вториот дел.
Хумелс си постигна автогол во 49.минута, а Анхел Кореа во 64.минута израмни на 2-2.
Но, Борусија Дортмунд повторно додаде гас. Никлас Фулкруг во 71.минута постигна погодок за 3-2, а три минути подоцна Марсел Сабицер обезбеди триумф (4-2) за пласман во полуфиналето на ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal