
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше пред утрешниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Првата средба заврши 3-3 во Шпанија и сега „кралевите“ ќе имаат тешка задача на „Итихад“ каде лани загубија со 0-4.
„Не треба да анализираме што се случуваше во минатото, туку она што се случи минатата недела. Мораме да веруваме во она што го правиме. Минатиот натпревар беше изедначен, сега сѐ може да се случи. Сметаме дека имаме квалитети да му направиме многу проблеми на противникот. Тука се натпреваруваат најсилните тимови во Европа. Натпреварите против Сити отсекогаш биле возбудливи и утре ќе биде така“, прокоментира Анчелоти.
Тој одговори и на новинарско прашање дали тимот на Манчестер Сити му го нарушува сонот.
„Не, ништо не ме спречува да спијам. Единственото нешто што може да ми го уништи сонот е ако јадам премногу некоја вечер. Утре нема да има изненадувања, Пеп може да биде мирен. Порака за навивачите? Мислам дека треба да бидат мирни. Ова е наше натпреварување, тука сме неприкосновени. Нашите навивачи не треба да се грижат“, додаде италијанскиот стратег.
Анчелоти зборуваше и за Ерлинг Халанд, кој досега не успеал да постигне гол против Реал Мадрид.
„Халанд е еден од најопасните играчи на Сити. Не го покажа тоа многу на првиот натпревар, но тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов и секогаш е опасен“, потенцираше тренерот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
