Connect with us

Нагелсман сѐ поблиску до враќање на кормилото на Баерн Минхен

Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, е голем фаворит да го води Баерн Минхен следната сезона, тврдат германските медиуми.


Како што е познато, пред нешто повеќе од една година Нагелсман беше изненадувачки отпуштен токму од тренерската функција на Баерн и беше наследен од Томас Тухел.

Младиот стручњак потоа беше назначен за селектор на германската репрезентација, но неговиот договор е само до крајот на ЕВРО 2024 година, а не е јасно дали ќе биде обновен. Од друга страна, Тухел сигурно ќе ја напушти „Алијанц Арена“ на лето.

Според информациите, шефовите на Баерн имаат мал круг на сериозни кандидати за нов тренер. Нагелсман е тој што има најголеми шанси да го преземе тимот по Тухел. Со оглед на заминувањата на Оливер Кан и на Хасан Салихамиџиќ, 36-годишниот тренер нема проблеми со актуелното раководство во клубот, каде спортско-техничката моќ моментно е во рацете на Макс Еберл и Криштоф Фројнд.

Втората опција за нов тренер, Роберто Де Зерби, засега претпочита да ја продолжи работата во Брајтон. Третиот кандидат за кој се разговара е Ралф Рангник, кој моментно е селектор на Австрија, но со договор до летото 2026 година.

Што се однесува до имињата како Зинедин Зидан и Антонио Конте, тие се споменуваат во разговорите меѓу шефовите од Минхен, но остануваат во втор план.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови