
Во фудбалот има многу фудбалери како Хари Кејн кои никогаш не успеале да се израдуваат на титула и покрај одличните индивидуални настапи. Од друга страна, има и играчи како Кингсли Коман кои имаа среќа да станат шампиони речиси секоја сезона.
Коман можеше да се пофали со неверојатна серија од 11 титули во три од најдобрите европски лиги. Шампионската серија започна во далечната 2013 година, кога крилниот напаѓач ја освои француската Лига 1 со тимот на Пари Сен Жермен, а во следната сезона повторно триумфираше како дел од тимот.
Следеа две сезони за францускиот интернационалец во Јувентус, каде што стана двократен шампион во италијанската Серија А. Во летото 2016 година, Коман се пресели во Баерн Минхен, каде што освои седум последовни титули во германската Бундес – лига.
Така со само 27 години може да се пофали со 11 шампионски титули. Сепак, таа серија заврши оваа сезона бидејќи Баер Леверкузен е новиот шампион во германската прва лига и Баерн најверојатно ќе заврши на второто или третото место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
