
Манчестер Јунајтед веќе ги започна преговорите за евентуалниот потпис на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг. 23-годишниот десен бек долго време е на радарот на „црвените ѓаволи“, кои веќе работат на негов трансфер на „Олд Трафорд“.
Фримпонг има одлична сезона со тимот на Баер Леверкузен и благодарение на неговите одлични игри „аспирините“ ја освоија титулата во Бундес-лигата. 23-годишниот Холанѓанец има 12 гола и 11 асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања. Може успешно да делува и во одбраната, но и на крилните позиции.
Друга предност на Фримпонг е тоа што е младински играч на Манчестер Сити и добро ја познава ситуацијата во Англија. Тој е под договор со Баер Леверкузен до 2028 година, но има откупна клаузула од 40 милиони евра што нема да им пречи многу на „црвените ѓаволи“. Сепак, играчот е посакуван и од други тимови, меѓу кои и Баерн Минхен.
Евентуалното потпишување на Фримпонг речиси сигурно ќе значи разделба со Арон Ван-Бисака на лето. За 26-годишниот Англичанец е заинтересиран Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
