
Жозе Мурињо на лето би можел да го замени Дејвид Мојес како тренер на Вест Хем, пишува „CaughtOffside“. Иднината на Шкотланѓанецот со „чеканите“ не е сосема сигурна по неодамнешните неубедливи резултати на тимот, па не е исклучена опцијата да биде заменет со Специјалниот.
Мурињо моментно е без работа откако доби отказ од Рома. Сепак, тој не крие дека сака што поскоро да најде нов клуб. Опцијата за преземање на Вест Хем исто така може да го разбуди неговиот интерес. Претходно беше поврзуван со интерес од Саудиска Арабија, но Португалецот сепак претпочита да остане во Европа, а уште подобро во Англија, каде што веќе е познато име откако ги водеше Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Вест Хем сѐ уште е во битка за Европа, а го очекува и реваншот против Баер Леверкузен во Лигата на Европа. Сепак, тимот забележа само една победа во последните шест натпревари во сите натпреварувања, што ги натера шефовите да размислат за замена на Мојес со Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
