
Манчестер Сити немаше проблем на „Итихад“ да го победи Лутон. Не само што победи, туку ја наполни мрежата на ривалот (5-1), а Пеп Гвардиола и фудбалерите ќе преспијат како лидери на табелата, со оглед дека Арсенал и Ливерпул своите мечеви ги играат утре.
Хашиока во втората минута си постигна автогол уште при првиот притисок на „граѓаните“, а Матеп Ковачиќ зголеми на 2-0 во 64.минута. Ерлинг Халанд од пенал постигна трет гол во 76.минута.
Рос Баркли во 81.минута стрелаше за Лутон, но до крајот погодија и Жереми Доку и Јошко Гвардиол.
Брентфорд го победи Шефилд Јунајтед со 2-0, а Барнли и Брајтон ремизираа 1-1. Нотингем Форест и Вулверхемптон одиграа 2-2. Во првиот меч од денешната програма, Њукасл го декласира Тотенхем со 4-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
