Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше со новинарите пред утрешниот домашен натпревар на неговиот тим против Лутон.
Шпанецот логично почна со проблемите во составот на „граѓаните“.
„Утре ќе видиме како ќе се чувствуваат Фил Фоден, Кајл Вокер и Нејтан Аке. Едерсон продолжува да биде нашиот прв избор на голот, тој беше подготвен да игра против Реал Мадрид и ќе биде подготвен и утре, како и на следниот натпревар. Ќе донесам одлука на денот на натпреварот“, изјави Гвардиола.
„Мораме да бидеме фокусирани, Премиер – лигата е многу важна. Веќе 11 месеци се бориме за титулата и знаеме на која позиција сме“, додаде тој.
Гвардиола му одговори и на Родри, кој потенцирше дека е преморен и дека му треба одмор.
„Погледнете ги нашите игри и ќе разберете. Тоа е едноставно. Тој е толку важен поради квалитетот што ни го дава. Но, ако имате играч кој не сака да игра, тој нема да игра. Морам да ги одморам и нашите централни бекови, но на пријателските натпревари на Англија, Џон Стоунс и Кајл Вокер беа повредени, па не можат да се одморат. Ние сме во голема, голема неволја. Чувствував дека сме уморни на последните натпревари. Утре ќе одлучиме што треба да направиме“, заврши менаџерот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal