Раководството на Барселона се обидува на секој начин да го убеди тренерот Чави Хернандез да остане на клупата и следната сезона. Тој уште во јануари најави дека ќе се повлече на крајот од овој шампионат, но во тој период Барса бележеше послаби резултати.
Сега каталонскиот тим успеа да го победи ПСЖ (2-3) во Париз и има одлична шанса да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Чави можеби и ќе се премисли, но побарал од раководството да му доведе неколку квалитетни засилувања.
„Мундо Депортиво“ откри дека Чави има потреба од сериозни засилувања во средниот ред. Тој сака да биде доведен играч од светска класа како Џошуа Кимих од Баерн Минхен или Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, како и Бернардо Силва од Манчестер Сити.
Доколку Лапорта го увери дека може да обезбеди барем еден од нив на лето, тогаш се зголемува веројатноста Чави Хернандез да остане како тренер на Барса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













