
Проблемите за Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед стануваат сѐ посериозни. Холандскиот стратег ќе биде лишен од две свои ѕвезди во период од близу еден месец. Станува збор за Лисандро Мартинез и за Виктор Линделоф.
Аргентинецот се врати од двомесечно отсуство со проблеми со коленото, но од клубот соопштија дека тој се здобил со уште една повреда и ќе биде недостапен за својот менаџер во најважниот период од сезоната.
Во меѓувреме, од „Олд Трафорд“ потврдија дека Виктор Линделоф ќе биде надвор од терените најмалку до мај поради истегнување на мускулот во ремито (1-1) против Брентфорд во неделата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
