Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, постигнал вербален договор со ФК Лос Анџелес за договор до крајот на 2025 година. Како што е познато, договорот на Французинот со „росонерите“ истекува на лето, па тој како слободен играч ќе се пресели во клубот од МЛС – лигата.
Интересот на американскиот тим е веќе неколку месеци, а во меѓувреме 37-годишниот играч одбил уште неколку профитабилни понуди.
Жиру е дел од Милан од летото 2021 година, на 121 натпревар за миланскиот гигант постигна 46 гола и забележа 20 асистенции. Тој беше во голема мера одговорен за освојувањето на „скудетото“ пред две години.
Сепак, неговото претстојно заминување од клубот не е изненадувачки чекор со оглед на намерата на управата на лето да купи млад напаѓач кој ќе биде нов стартер во нападот на „росонерите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













