Connect with us

Нејмар сака да се врати во Барселона

Бразилската ѕвезда Нејмар се опоравува од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти, а во овој период донел важна одлука за својата иднина. Тој не сака веќе да игра во Саудиска Арабија, каде што е член на Ал-Хилал, туку сака да се врати во Европа и повторно да го облече дресот на Барселона. Најголем проблем е фактот дека има потпишано за саудискиот клуб до јуни 2025 година.

Нејмар е голем пријател со претседателот Жоан Лапорта и веќе имал одредени разговори за негово враќање во каталонскиот гигант.

Претходните информации говореа дека Нејмар би можел да се врати во неговиот матичен клуб, бразилскиот Сантош, но очигледно дека планот му е да игра во Европа. Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, пред да се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.


За време на престојот во Барселона, бразилскиот ас постигна 105 гола на 186 натпревари и ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови