Раководството на Баерн Минхен ќе направи нов обид да го ангажира дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо. Баварците во зимскиот преоден рок понудија 80 милиони евра за уругвајскиот репрезентативец, но нивната понуда беше одбиена.
Сега германскиот гигант е подготвен да ја зголеми својата понуда за 20 милиони евра, со што се надева дека ќе го убеди каталонскиот клуб кој е во многу сериозна финансиска криза да се согласи на продажба, пишува „Марка“.
Баерн оваа сезона има сериозни дефанзивни проблеми и верува дека Араухо може да ги реши и да стане лидер во одбраната на тимот.
Во исто време Барселона размислува да му понуди нов договор на Араухо. Каталонците сакаат да задржат еден од своите клучни играчи барем до летото 2029 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal