Connect with us

Историја во Тбилиси: Грузијците првпат на Европско првенство, на пенали ја елиминираа Грција

Фудбалската репрезентација на Грузија се пласира на ЕВРО 2024 откако на пенали ја елиминира Грција совладувајќи ја со 4-2. По регуларниот тек од плеј-офот, а и по 120 минути, немаше голови на пресметката во Тбилиси.

Селекциите мораа да решаваат преку пенали, а Мамардашвили го одбрани првиот пенал на капитенот на Грција, Анастасиос Бакасетас.

Грузијците возвратија откако Георгес Микаутадзе не го реализира ударот во третата серија, но во четвртата не погоди и Георгиос Јакумакис.

Историскиот пенал за Грузија вреден пласман на Европско првенство го изведе Ника Квеквешкири, успеа да го реализира и почна лудилото во Тбилиси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови