Поранешниот капитен на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Филип Лам, даде свое прогноза со претстојното Европско првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во неговата татковина.
Според Лам, фаворит за титулата на ЕП 2024 е селекцијата на Франција.
Германија пред само неколку дена во пријателски натпревар ги победи „петлите“ со 2-0.
„Кој е фаворит? Тоа е Франција! Можам да го објаснам едноставно. Имаат 40 талентирани играчи“, изјави Лам за весникот „Л’Екип“.
Францускиот национален тим е дел од групата Д, во друштво на Холандија, Австрија и една од селекциите на Полска и Велс. Двата тима вечерва ќе се соочат во решавачкиот плејоф, а победникот ќе избори пласман на завршниот турнир во Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













