По летото 2023 година, во кое клубовите од Саудиска Арабија потрошија речиси една милијарда евра на трансфери, се чини дека летово ќе има нови големи инвестиции.
Зголемувањето на бројот на странци во сезоната 2024/25, што секој клуб во Саудиска Арабија може да го има во својот состав, од осум на десет, може да претставува дополнителен мотив за доведување нови играчи.
Минатото лето Милинковиќ-Савиќ од Лацио, Брозовиќ од Интер, Ибањез од Рома, Демирал од Аталанта, Сабири од Фиорентина и Бароу од Болоња ги спакуваа куферите и од Италија се преселија во Саудиската Про-лига.
Ромелу Лукаку, кој минатото лето неколкупати му рече „не“ на Ал-Хилал, сега има понуда од 50 милиони евра по сезона, плус значителен бонус за потпис, тврди „Газета дело Спорт“.
Во јануари, во интервју, Белгиецот ја дефинираше саудиската Про-лига како едно од најдобрите првенства во светот, па не треба да чуди ако реши да оди таму на лето.
Чиро Имобиле, кој веќе се поврзуваше со заминување во зимскиот преоден рок, исто така има слатко искушение со слична плата како онаа што му се нуди на Ромелу Лукаку.
Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли имаат значителна финансиска моќ и во однос на платите што им се нудат на играчите и огромните суми што можат да ги инвестираат во доведување на самите играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal