Connect with us

Габигол доби двегодишна суспензија зошто одбил да направи допинг-тест

Поранешниот напаѓач на Интер, Габриел Барбоса Алмеида, доби двегодишна забрана за настап од Спортскиот суд во Бразил, објави Ројтерс. 27-годишниот фудбалер на Фламенго, познат како Габигол, беше обвинет дека одбил да направи допинг тест еден ден пред натпреварот на неговиот тим во Рио де Жанеиро.


„На натпреварувачот денеска му беше судено од Спортскиот антидопинг суд и со мнозинство гласови беше одлучено дека има прекршување на антидопинг правилата и обид за измама“, соопштија бразилските власти за допинг контрола. Барбоса ги негираше обвинувањата.

Спортскиот антидопинг суд прецизираше дека казната почнува да тече од датумот на прекршување на правилата, а тоа е 8 април 2023 година.

Барбоса, кој беше дел од олимпискиот тим на Бразил кој освои златни медали на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, може да поднесе жалба на одлуката до Судот за спортска арбитража.
Од Фламенго изјавија дека се изненадени од пресудата и дека ќе му помогнат на својот играч во жалбата.

„Клубот ќе му помогне на играчот, бидејќи е јасно дека немаше измама и обид да се избегне казната“, се вели во соопштението на Фламенго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови