Бразилецот Дани Алвеш преку неговите адвокати успеа да уплати еден милион евра и излезе на слобода обезбедувајќи ја потребната гаранција иако сите негови банкарски сметки се блокирани. Иако првично се мислеше дека семејството Нејмар ќе му помогне финансиски, сепак, тие се повлекоа откако тој и дефинитивно беше осуден за силување.
Но, шпанските медиуми откриваат дека Мемфис Депај е пријателот кој му помогнал на Дани Алвеш и ја уплатил бараната сума за кауција.
Холанѓанецот, кој сега е дел од Атлетико Мадрид, во периодот додека беше во Барселона изградил блиски пријателски односи со Дани Алвеш и решил да му помогне без разлика на делото што тој го сторил.
„Луѓето треба да знаат дека имам многу тешко минато. Мојот брат одлежа десет години затвор и речиси не можев да го гледам. Бењамин Менди и Дани Алвеш исто така се вклучени во криминални случаи, но тоа не значи дека тие веќе не се мои пријатели. Можеби не го оправдувам тоа што го направиле, но нема да ги изневерам моите пријатели“, изјави Депај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













