Connect with us

Реал му порача на Крос: Договорот е подготвен, потпиши го кога ќе имаш желба

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и германската репрезентација Тони Крос на лето станува слободен играч, но постојат сите шанси да потпише нов договор со „кралскиот клуб“.


Како што пренесуваат шпанските медиуми, челниците на Реал Мадрид му порачале на Крос дека неговиот нов договор е подгпотвен и дека може да го потпише кога ќе посака.

Ниту Карло Анчелоти, ниту Флорентино Перез не можат да го замислат тимот на Реал без Тони Крос, особено што се верува дека Лука Модриќ би можел да го напушти клубот по 12 години.

Тони Крос пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година, откако навистина не се согласуваше со Пеп Гвардиола и Баерн Минхен го пушти за само 25 милиони евра.

Една деценија подоцна јасно е дека ова е еден од најдобрите, ако не и најдобриот трансфер во историјата на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови