Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, заработува повеќе од двојно од кој било друг фудбалер во Европа. 25-годишниот напаѓач речиси сигурно ќе се приклучи на Реал Мадрид ова лето.
„Л’Екип“ објави дека Мбапе заработува 5,15 милиони фунти секој месец. Втор на листата е Хари Кејн, кој во Баерн Минхен инкасира 1,80 милиони фунти месечно.
Кевин де Бруин зема 1,73 милиони фунти, а Ерлинг Халанд – 1,63 милиони секој месец во Манчестер Сити. Сепак, ова е само основната плата на Норвежанецот и благодарение на низата значајни, речиси загарантирани бонуси, неговата неделна плата надминува 850.000 фунти.
Ова значи дека Норвежанецот заработува близу 3,4 милиони фунти месечно, што би го ставило на второто место на листата.
Топ 10 најплатени фудбалери во Европа, според „Л’Екип“
- Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен) – 5,15 милиони фунти
- Хари Кејн (Баерн Минхен) – 1,80 милиони фунти
- Кевин де Брујн (Манчестер Сити) – 1,73 милиони фунти
- Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 1,63 милиони фунти
- Давид Алаба (Реал Мадрид) – 1,61 милиони фунти
- Роберт Левандовски (Барселона) – 1,60 милиони фунти
- Мохамед Салах (Ливерпул) – 1,52 милиони фунти
- Кашемиро – (Манчестер Јунајтед) – 1,52 милиони фунти
- Рафаел Варан (Манчестер Јунајтед) – 1,48 милиони фунти
- Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 1,43 милиони фунти
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal