
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Анталија го игра вториот пријателски натпревар од овој мини-циклус. По ремито со Молдавија, нашите најдобри фудбалери ќе се обидат да стигнат до триумф на тестот против Црна Гора.
Селекторот Благоја Милевски сака да ја провери формата на сите фудбалери и очекува на денешниот меч да го подигнеме нивото на игра.

„Нѐ очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал“, изјави Благоја Милевски во пресрет на денешнот дуел.
Голманот Столе Димитриевски ќе се потсети и на своето деби во националниот тим, со оглед дека првиот меч го играше токму против селекцијата на Црна Гора, на меч во Скопје што го добивме со 3-1.
„Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути“, истакна Столе Димитриевски.
Селекцијата на Црна Гора за нов селектор го има хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој дебитираше со триумф од 2-0 против Белорусија пред четири дена.
Ова ќе биде четврти пријателски меч меѓу Македонија и Црна Гора, а нашиот тим има де победи, наспроти еден пораз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
