Кристијано Роналдо и Ал-Наср доживеаја елиминација во азиската Лига на шампиони. Во четвртфиналето, по изведување пенали, тие се елиминирани од Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати.
Првиот мел Ал-Аин го доби со 1-0, па мошне интересен беше реваншот. Роналдо со гол од пенал во 118.минута се избори за изведување пенали При вкупен резултат 4-4, но и таму само тој беше прецизен, додека неговите соиграчи потфрлија.
Брозовиќ прв шутираше пенал, но голманот на Ал-Аин го одбрани неговиот удар. Рахими беше посигурен за 1-0 за Ал-Аин. Алекс Телес го имаше вториот удар за Ал-Наср и тој ја погоди гредата.
Гостите ја искористија таа грешка и зголемија на 2-0.
Потоа Роналдо го изведе пеналот, но беше сигурен, со малку среќа. Ал-Аин го искористи и третиот пенал. Потоа Отавио промаши и сѐ беше готово. Така Ал-Наср е елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













