
Челси стигна до 11. победа оваа сезона во Премиер-лигата славејќи против Њукасл со 3-2. На овој натпревар блесна Кол Палмер кој забележа асистенција и постигна прекрасен погодок за домаќинот.
Челси поведе во шестата минута со голот на Николас Џексон, откако всушност Кол Палмер шутираше кон голот, а напаѓачот го смени правецот на топката која заврши во мрежата. Њукасл израмни пред полувремето со погодокот на Александар Исак во 43.минута.
Кол Палмер постигна прекрасен гол во 58.минута, а Михајло Мудрик зголеми на 3-1 во 76.минута.
Џејкоб Марфи во 90.минута испрати проектил во мрежата на Челси, но, сепак, Њукасл загуби со 3-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
