
Напаѓачот на Интер, Марко Арнаутовиќ, се соочува со повреда која ќе го оддалечи од теренот еден месец, а соиграчот Карлос Аугусто исто така ќе го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Двајцата играчи се повредија во саботната победа од 1-0 над Болоња во италијанската Серија А и денеска беа подложени на дополнителни медицински тестови.
„Арнаутовиќ страда од истегнување на мускулот на левата натколеница, додека Аугусто има истегнување на потколеницата на десната нога“, се вели во соопштението на клубот.
Состојбата на австрискиот напаѓач и бразилскиот дефанзивец ќе биде мониторирана во наредните денови.
Карлос Аугусто би можел да биде да се опорави до дуелот со Наполи во Серија А следниот викенд.
Марко Арнаутовиќ (34), кој се врати во Интер како позајмен од Болоња во август, пропушти два месеци претходно во сезоната, исто така, поради истегнување на мускул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
