Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, изјави дека очекувањата од тимот оваа сезона не се толку големи бидејќи се гради нов состав базиран на млади играчи. Парижани водат убедливо во првенството на Франција и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но нивните шанси на најпрестижниот клупски турнир не се дефинирани како големи.
„Лигата на шампионите е долга приказна. На почетокот на сезоната кажавме дека сакаме да изградиме тим за иднината, тим кој ќе игра заедно во следните шест до осум години. Го имаме најмладиот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите, најмладиот тим во топ 10 европски клубови. Ние сме горди на тоа. Многу е добро што следиме стратегија со млади фудбалери, млади француски фудбалери“, изјави Ал-Келаифи во интервју за RMC Sport.
За амбициите на тимот во Лигата на шампионите, што е негова голема цел откако го купи клубот, претседателот на ПСЖ даде реалистички одговор.
„Секако дека сакаме да победиме. Играчите сакаат да победуваат на секој натпревар, но ние мора да бидеме реални. Градиме тим. Повеќето играчи се нови. На нашиот последен натпревар имаше само двајца или тројца играчи кои играа за нас минатата година. Градиме нов тим, што не е лесно. Горд сум на нашиот тренер кој прави фантастична работа во градењето на овој тим. Не се работи само за резултати, туку и за стилот на игра, стратегијата, визијата. Исто така, многу сум горд на нашиот спортски директор, кој врши неверојатна работа, како и на играчите“, додаде првиот човек на ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













