Ливерпул и Манчестер Сити ремизираа 1-1 во мега-пресметката на „Енфилд“. Џон Стоунс го доведе Манчестер Сити во водство во 23. минута, додека Алексис Мекалистер израмни во 50. минута од пенал.
По натпреварот, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека публиката можела да ужива во неверојатен дуел, а двете екипи на крајот освоија по еден бод.
„Почнавме многу добро, но тие се неверојатен тим. Ние имавме свои моменти, тие свои. Начинот на кој играат не е лесен. Ние ќе го прифатиме овој бод. Бевме во налет во првото полувреме, имавме многу шанси. И откако го направивме пеналот, почнавме да страдаме. Ова беше добар натпревар за гледачите. Знам колку е тешко на „Енфилд“. Тешко е и на „Итихад“, Ливерпул нема победено таму осум години. Би сакал да победевме, но тие со години докажуваат каков квалитет имаат. Се заврши добро за сите, битката за титулата продолжува“, изјави Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













