Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, имаше измешани чувства за ремито 2-2 со Аталанта. Од една страна, тој не е среќен што неговиот тим го загуби водството и не успеа да победи.
Од друга страна, тренерот и понатаму верува дека ова е важен бод во меч со директен конкурент за топ 4, бидејќи токму тоа е целта поставена пред тимот.
„Мислам дека се претставивме добро против силната екипа на Аталанта, тие исто така одиграа на ниво и нѐ повредија со вториот гол каде што требаше подобро да се браниме.
Покажавме поголема одлучност, истрајност и техника во второто полувреме. Треба да ги подобриме нашите дефанзивни перформанси, особено кога водиме. Истото се случи и на натпреварот со Наполи минатата недела, а и на другите натпревари претходно.
Примаме премногу лесни голови. Има многу да се работи, но да се фокусираме на позитивните страни. Ремито значи дека се оддалечивме уште еден бод од Болоња и ја задржавме предноста од 11 бода пред Аталанта. Да не заборавиме која е нашата главна цел, а тоа е да завршиме во топ 4. Момците одлично се снајдоа во оваа атмосфера каде што имаше делови од стадионот кои воопшто не нѐ поддржуваа, особено во првото полувреме“, изјави Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













