Connect with us

„Волчицата“ извлече реми во Фиренца (ВИДЕО)

Рома во последен миг избегна пораз и стигна до реми (2-2) на гостувањето во Фиренџа. Диего Љоренте беше стрелец на израмнувачкиот погодок за „волчицата“ во 95.минута од мечот.

Претходно, Бираги во 80.минута не реализира пенал за Фиорентина и пропупти да донесе два гола предност за „виолетовите“.

Лука Раниери во 18.минута донесе водство за Фиорентина, а израмни Хусем Ауар во 58.минута.

Роландо Мандрагора во 69.минута повторно обезбеди предност за домаќинот, а Бираги пропушти одлична можност да ја удвои од белата точка. На крајот, Љоренте погоди за конечно реми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови