
Почнува третиот круг од првенството во Првата фудбалска лига. Трката за врвот ја водат три екипи, но многу интересно ќе биде и во борбата за опстанок.
Шампионот Струга Трим Лум ја пречекува Брера, а Шкендија во Тетово ќе игра против Воска.
„Сакаме да покажеме дека сме подобри од Брера и да ги освоиме трите бода. Затоа едвај чекаме да почне натпреварот. Се надевам дека и по денешното коло ќе останеме на првото место, па верувам dека и првенството ќе го завршиме на тоа место и ќе освоиmе нова титула. Брера е добар тим, единствен против кој немаме победа оваа сезона. Тоа ни дава уште поголем мотив за добра игра и за победа“, изјави Ванѓел Згуро, левиот бек на Струга ТЛ во пресрет на дуелот со Брера.
Можеби најинтересно ќе биде на Чаир, каде гостува Работнички со Гоце Седлоски на клупата, екс-тренерот на Шкупи.
„Нѐ очекува нов тежок натпревар. Гостуваме на Чаир, но подготвени сме да одиграме квалитетно против Шкупи. Поразот од Вардар е веќе зад нас, максимално сме фокусирани на следниот предизвик и се надеваме дека ќе успееме да ја реализираме нашата цел. Почнува третиот круг од првенството и сега секој бод е екстремно важен“, вели Сабит Билали, фудбалерот за врска на Работнички.
Вардар повторно ќе му гостува на Гостивар, а Брегалница оди во Кавадарци на мегдан со Тиквеш.
Силекс ќе бара прва пролетна победа против Македонија ЃП. Но, „лавовите“ се во незавидна позиција на табелата и мора да се борат за секој бод.
„Среќен сум што постигнав гол на последниот натпревар во Струга, покажавме дека можеме да играме против секоја екипа. Ќе се бориме до последно коло за да се спаси клубот од испаѓање, одиме во Кратово по позитивен резултат“, изјави младиот Алтин Алији од Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО (денеска, 14 часот)
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – ВОСКА
СТРУГА ТЛ – БРЕРА
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
ГОСТИВАР – ВАРДАР
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија

Млади репрезентации
Младите фудбалери сакаат прва радост: Ерменија гостува во Битола

Евро-фудбал
Овиедо го смени тренерот Вељко Пауновиќ
