Шкендија ремизираше без голови на гостувањето против Брера и остана на третата позиција на табелата во пресрет на стартот на третиот круг од натпреварите во Првата лига. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, во изјава за официјалната клупска страница, истакна дека неговиот тим доминирал, но не успеал да постигне погодок на гостувањето во Турново.
„Дефинитивно моравме да го добиеме овој натпревар. Имавме голема доминација во првото полувреме, а имавме свои шанси и во вторите 45 минути. Противникот одигра солидно во вториот дел, но и ние бевме многу блиску до победата.
На крајот можевме и да загубиме, а Брера изненади со офанзивниот пристап. Овој дуел ни дојде само три дена по победата над Вардар и можеби дел од играчите беа и малку уморни. Физичката свежина не беше на потребното ниво, но тоа е нормално во вакви услови“, изјави Беќири.
Шкендија претстојниот викенд ќе го пречека тимот на Воска Спорт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski