Арсенал ја продолжува трката за шампионската титула со Ливерпул и со Манчестер Сити откако очекувано славеше убедлив триумф (0-6) на гости против Шефилд Јунајтед. Сега „топчиите“ имаат два бода негатива во однос на лидерот Ливерпул и еден од помалку од Манчестер Сити.
Тимот на Микел Артета разреши сѐ за петнаесетина минути од овој меч. Мартин Одегард во петтата минута донесе водство, а потоа Богл си постигна автогол во 13.минута. Само две минути подоцна погоди и Габриел Мартинели, а Каи Хаверц во 25.минута зголеми на 0-4.
Деклан Рајс до крајот на првото полувреме постигна петти гол за „топчиите“, а во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Бен Вајт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













