
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (29) го напушти Лацио во летото 2023 година и замина во Ал-Хилал во трансфер вреден 40 милиони евра. Српскиот репрезентативец потпиша тригодишен договор кој му носи околу 20 милиони евра по сезона. Досега во Саудиска Арабија одигра 25 натпревари, на кои постигна десет и асистираше за уште шест гола.
Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус би можел да се обиде да го доведе во следниот летен преоден рок. Покрај тоа, ова не е прва гласина за потенцијалното враќање на Милинковиќ-Савиќ во Европа, каде претходно во кариерата играше за белгиски Генк во 2014 и 2015 година и за Лацио од 2015 до 2023 година.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ за српската репрезентација има 47 настапи и седум гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
