Connect with us

Рибери се враќа во Баерн Минхен како тренер во младинската академија?

Франк Рибери (40) во блиска иднина би можел да стане тренер во академијата на Баерн Минхен, објави „Кикер“. Легендарниот француски крилен напаѓач ја заврши кариерата во 2022 година, а моментно е во фаза на дообразување за тренерски лиценци.


Со оглед дека беше член на Баерн Минхен од 2007 до 2019 година, тој сѐ уште поминува многу време во Минхен и остана приврзан за клубот. Затоа, враќањето е многу веројатно.

Рибери мина 12 години во Баерн Минхен, со кој освои 23 трофеи, од кои девет титули во германскиот шампионат, шест купа, а во 2013 година на нив ги додаде Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Во својата кариера играше и за САД Булоњ, Олимпик Але, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Фиорентина и за Салернитана.


За француската репрезентација собра 81 настап и 16 голови.

Италијанскиот калчолигаш Салернитана беше неговиот последен клуб во играчката кариера, а таму се уште работи како асистент на главниот тренер Фабио Ливерани.

Клубот од Салерно е на последното место во Серија А и му се заканува испаѓање од елитата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови