Connect with us

Ливерпул не оди одоколу: „Црвените“ го прашале Баер Леверкузен колку чини да го ослободат Чаби Алонсо

Англискиот премиерлигаш Ливерпул го сака Чаби Алонсо како наследник на Јирген Клоп на клупата на тимот од следната сезона. Поради ова, челниците на Ливерпул директно ги контактирале колегите од Баер Леверкузен изразувајќи желба да го привлечат Чаби Алонсо за нов менаџер, открива „Билд“.


Одделно, клубот „Енфилд“ за ова го известил и агент на тренерот, Ињаки Ибанез.

Во принцип, Шпанецот има договор со Баер Леверкузен на уште две сезони и неговиот клуб верува дека ќе го одбие Ливерпул.

Засега не се потврдени и гласините дека Чаби Алонсо има клаузула во договорот која му овозможува да си замине без обештетување во случај на понуда од Ливерпул, Баерн Минхен или Реал Мадрид, клубови за кои играше во текот на фудбалската кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови