Скандалозни навреди доживеал македонскиот репрезентативец Арија Адеми по дербито меѓу Динамо Загреб и Ријека на „Максимир“. Актуелниот хрватски првак победи со 1-0, со гол од пенал во 95.минута, а тоа ги зоврело страстите после мечот.
Како што наведува хрватскиот портал „24 сата“, после завршувањето на мечот гостинските навивачи го навредувале Аријан Адеми, откако тој минал низ микс-зоната мина под јужната трибина.
Во негово друштво биле сопругата и синот, кога од јужната трибина почнале навреди на национална основа од приврзаниците на Ријека. Отишле уште подалеку, па дури и фрлиле столче во негов правец, кое за малку ќе ги удрило.
Се слушале и навреди на национална основа.
„Да ти е*ам матер штиптарска“, биле упатени и пцовки од фановите на Ријека кон Аријан Адеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













