Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија.
Контролните натпревари ќе бидат одиграни на 25 и 28 февруари.
Нашите фудбалерки вчера официјално ги започнаа подготовките за претстојните дуели против Грузија.
Селекторот на на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов даде своја анализа и коментар за претстојните предизвици.
„Нашиот следен противник, репрезентација на Грузија беше во последниот квалификациски циклус, беше дел од дивизијата Ц во рамките на Групата на нации. Се работи за тврд противник, составен претежно со фудбалерки кои играат во домашното првенство. Во последниот период оваа репрезентација во континуитет се подобрува и напредува, постигнувајќи се подобри резултати“, вели Изов.
„Во овој двомеч очекуваме да се покажеме во добро светло. По завршувањето на квалификацискиот циклус во рамките на Лигата на нации дојде до голема промена и подмладување на нашиот играчки кадар. Овие два натпревари ќе бидат одлична можност за нашите млади фудбалерки подобро да се вклопат во нашиот систем на игра и да дебитираат во репрезентацијата на Македонија“, потенцира селекторот.
„Поголемиот дел од нашите фудбалерки сеуште не се во посакуваната натпреварувачка форма и тоа е нормално со оглед на тоа што кај нас сеуште не е започнат пролетниот дел на првенството. Фудбалерките кои играат во странство се веќе во натпреварувачки ритам и се наоѓаат во одлична форма, посебно нашиот капитен Наташа Андонова која игра во врвна форма во својот Леванте во шпанската прва лига.
Атмосферата во селекцијата е одлична. Поскусните фудбалерки како Андонова, Рочи, Мустафа, Коларовска и Максути се одлична поддршка на младите фудбалерки.
Во април почнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 година, со нетпрение ги очекуваме нашите противници. Верувам дека ке имаме одлични квалификации и ќе постигнеме добри резултати. Се надевам дека ќе го поправиме лошиот впечаток од настапите во првото издание од Лигата на нации“, истакна селекторот на женскиот национален тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski