Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш (40) е осуден на четири и пол години затвор поради силување.
Пресудата ја изрече Судот во Барселона.
На Алвеш му се закануваше затворска казна од девет години, а шпанската судска власт одлучи да го осуди на половина од тоа – четири години и шест месеци.
Алвеш претходните 13 месеци ги помина во затвор, што беше превентивна мерка што ја определи Судот.
Бразилецот беше обвинет дека принудил 23-годишна девојка на секс во тоалет на ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година.
Во текот на судењето беа сослушани 30 лица, меѓу кои и жртвата, која сведочеше зад затворени врати.
Алвеш од самиот почеток до крајот остана на ставот дека не е насилна личност и дека сексуалниот чин е консензуален.
Дани Алвеш е во тешка депресија поради се што му се случува и дека во затворот е активиран протокол за обид за самоубиство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













