
Македонскиот прволигаш Шкупи доведе уште едно засилување пред истекот на преодниот рок. Најново име во тимот од Чаир е младиот напаѓач Александар Богданоски.
Тој доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф, а во минатото беше дел од Работнички.
„За мене е голема чест да бидам дел од тим со толкава историја, како што е Шкупи, екипа која секогаш оди по титулата. Не би сакал да кажам ништо повеќе од тоа дека секогаш ќе се трудам да придонесам за добар резултат на тимот. Се надевам дека заедно со сите ќе ги постигнеме целите и задачите на клубот. Им благодарам на сите за дадената можност и ветувам дека нема да ве разочарам“, изјави Богданоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski