
Македонскиот прволигаш Шкупи го врати во тимот интернационалецот од Руанда, Абдул Руатубјаје, кој ги бранеше боите на клубот од Чаир од јануари 2021 до август 2022 година.
Дефанзивецот за Шкупи одигра 33 натпревари, постигна четири гола и забележа две асистенции, но го паметиме како робусен одбранбен фудбалер.
„Враќањето овде е прекрасно чувство, се чувствувам како никогаш да не сум го напуштил ова место, бидејќи целиот тим ми приреди прекрасно добредојде, а секако и средбата со навивачите ќе биде исто срдечна. Се враќам во Шкупи знаејќи дека има незавршена работа, едвај чекам да се сретнам со фановите и посакувам да ги оствариме нашите клупски амбиции“, изјави Абдул Руатубјаје.
Шкупи денеска потпиша уште две нови имиња. Тоа се Бразилецот Виктор Де Оливиеира кој игра на крилните позиции и потпиша договор на две сезони, како и Ганецот Емануел Аворнио кој го засили нападот, а на Чаир ќе остане три години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
