
Гранада и приреди нов шок на Барселона. Каталонскиот тим мораше да се спасува пораз и на крајот стигна до 3-3 против еден од кандидатите за испаѓање од Ла Лига.
Тимот на Чави е во криза, а тоа Гранада успеа да го искористи. Повторно одбраната на Барселона не беше на потребното ниво, иако на голот се врати Тер Штеген.
Ламин Јамал во 14.минута донесе водство за Барса, но израмни Рикард Санчез пред крајот на првиот дел.
Пелистри во 60.минута го шокираше домаќинот, но Барселона се врати и израмни само три минути подоцна со голот на Роберт Левандовски.
Сепак, Гранада повторно обезбеди предност (2-3) во 66.минута, со голот на Игнаси Мигел.
Во 81.минута, Ламин Јамал израмни на 3-3, но Барса не успеа да стигне до планираниот триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
